Катица Јанева ќе биде однесена на кардиолошки преглед

466

Поранешната специјална јавна обвинителка, Катица Јанева, денеска ќе биде однесена на кардиолошки преглед во приватна клиника, откако судот го одобри нејзиното барање да се јави на кардиолошко-интернистички преглед поради нарушената здравствена состојба, објавуваат повеќе медиуми.

Ова ќе биде прв преглед на Јанева надвор од затворската амбуланта, каде што досега добиваше терапија за нејзината состојба.