Катица Јанева донесена во Кривичен суд на распит

344
Фото: Маја Јаневска-Илиева

Специјалната јавна обвинителка Катица Јанева попладнево откако беше уапсена, однесена во Специјалното јавно обвинителство и во нејзиниот дом, спроведена е на распит во Кривичниот суд за случајот „Рекет”. Јанева во судот беше внесена со автомобил преку подземната гаража.

Специјалната јавна обвинителка се сомничи дека учествувала во случајот “Рекет” за кој до сега се во притвор Бојан Јовановски познат како Боки 13 и Зоран Милевски Кичеец.

Јавното обвинителство денеска најави дека ќе побара притвор за Катица Јанева откако ја прошири истрагата за случајот „Рекет”.