Камчев: Јанева никогаш не ми нудеше спогодба, туку Боки 13

212

Сведокот Орце Камчев на прашање на адвокатот на Катица Јанева, Дељо Кадиев, рече дека во СЈО никогаш Јанева не му нудела спогодба туку Боки 13.

– Мене никој никогаш не ми понуди спогодување. Никој не ми нудел такво нешто, ниту заштитен сведок – рече Камчев.

На следното рочиште во вторник за „Рекет” ќе сведочат благајничката на Орце Камчев, Мирјана Бошковска, и неговата сопруга, Ана Камчева.