Камчев дал исказ за „Рекет“ во Обвинителството

779

Бизнисменот Орце Камчев дал исказ како сведок за случајот „Рекет“, пред обвинителката Вилма Русковска, утринава во Обвинителството за гонење на организиран криминал и корупција.

Според информациите, тој бил повикан да даде исказ како сведок во истрагата.

Во обвинителството веќе имаат исказ на Камчев даден на 2 мај, кога тој всушност го пријавил случајот.

Обвинителството не соопштува дополнителни детали за сведочењето на бизнисменот, инаку осомничен во предметот „Империја“ на СЈО, но истрагата и натаму продолжува.

Во изминатите неколку дена во медиумите се појавија информации оти Камчев е надвор од државата.

Во истрагата за „Рекет“, во притвор се Бојан Јовановски, Зоран Милевски – Кичеец и специјалната јавна обвинителка, Катица Јанева.