Камион удрил во двајца пешаци во Прилеп

94

Две жени со тешки повреди биле пренесени во болница откако во нив удрил камион.

Несреќата се случила вчера во 18:30 часот на булеварот Гоце Делчев во Прилеп. Според информациите на МВР, камион „мерцедес“, со прилепски регистарски ознаки, управуван од Н.Х.(47) од село Лажани, прилепско, удрил во пешаците А.В.(48) и И.В.(25), двете од Прилеп.

И двете се здобиле со тешки телесни повреди и биле пренесени во Општата болница Прилеп за укажување на лекарска помош.

Увид на местото на настанот извршила увидна екипа од Полициска станица Прилеп.