Казни од по 2.000 евра за затекнатите на групна прослава во стан во Капиштец

199

Скопското основно јавно обвинителство поднесе предлог за казни од по 2.000 евра за лица кои не ги почитувале мерките против ковид-19 и извршиле групирање на приватна прослава во стан во Скопје.

Како што се наведува во соопштението, обвинетите на возраст од 18 до 22 години, на 8 јануари биле затекнати на приватна прослава на улицата „Васил Ѓоргов“, во домот на една од обвинетите.

На прославата биле затекнати и седум малолетни лица, за кои ќе се спроведе постапка согласно Законот за правда на децата.

Надлежниот јавен обвинител предложил до Основниот кривичен за обвинетите полнолетни лица да се изречат парични казни од по 100 дневни глоби, со поединечна вредност на дневната глоба од 20 евра.​​