Казнети 400 возачи во Скопје, од кои 65 за пребрзо возење

216

Министерството за внатрешни работи во текот на вчерашниот ден продолжи со засилените акциски контроли во областа на сообраќајот. На територијата на град Скопје во текот на вчерашниот ден изречени се вкупно 400 санкции, меѓу кои 65 за пречекорување на дозволената брзина на движење, 47 технички неисправни и нерегистрирани возила, 14 прекршоци од возачи кои поминале на затворен семафор, 28 санкции за некористење на сигурносен појас, 15 мотоциклисти, 51 изречена мерка за непрописно паркирање, 48 возила подигнати со „пајак“ и 36 казни за неносење на заштитна маска.

– Засилените сообраќајни контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот – соопшти МВР.