Казнети 130 возачи за пребрзо возење

99

Три лица се здобиле со тешки телесни повреди, а 21 лице со лесни повреди за време на викендот на подрачјето на Град Скопје. 

Според информациите од СВР Скопје, за време на викендот се случиле вкупно 31 сообраќајна незгода. 

Откриени се поголем број прекршоци и санкционирани се 130 возачи кои возеле побрзо од дозволеното, 21 возеле под дејство на алкохол, 30 пред да се стекнат со правото на управување моторно возило и шест почетници. Од сообраќај се исклучени и три технички неисправни и 32 нерегистрирани возила.

Сообраќајната полиција издала 127 казни за непрописно паркирање, а со специјалното возило „пајак“ отстранети се 84 возила.

Полицијата санкционирала и пет пешаци кои поминале коловоз подалеку од пешачки премин, 13 возачи кои поминале крстосница на црвено светло, двајца возачи кои не дале првенство на минување и седум возачи за неправилно престројување.