Казнети повеќе од 100 возачи на мотори и автомобили за еден ден во Скопје

69

Повеќе од 100 возачи на мотори и автомобили се казнети во текот на вчерашниот ден во Скопје, соопшти МВР.

Во времето од 06 до 24 часот казнети биле 45 возачи кои ја пречекориле брзината, а откриени се 25 останати прекршоци за кои се издадени 14 мандатни платни налози и 11 прекршочни платни налози.

Одделението за безбедност на патниот сообраќај, пак, вчера од 18:30 до 01:30 часот спроведе акциска контрола за откривање на прекршоци што ги прават возачите на мотори на подрачјето на Скопје. Санкционирани се 12 возачи.

Покрај тоа, задржани се два мотоцикли за натамошна постапка за проверка на техничка исправност. Откриени се 22 останати прекршоци за кои се издадени 11 мандатни платни налози и 11 прекршочни платни налози.