Кадиев: Ни оди во прилог тоа што сведоците велат дека Јанева не барала пари

570
Фото: Игор Бансколиев

Адвокатот на Катица Јанева, Дељо Кадиев, по судењето за случајот „Рекет“, изјави дека имало неконзистентност во изјавите и потврди дека на неговата клиентка ѝ оди во прилог тоа што сведоците рекле оти таа не барала пари.

– Ни оди во прилог тоа што сведоците велат дека Јанева не барала пари – рече Кадиев.

Адвокатот на обвинетиот Бојан Јовановски, Сашо Дуковски, по рочиштето за „Рекет”, рече дека сведоците на Обвинителството на денешното судење дале контрадикторни изјави.

– Има неверојтни контрадикторности во изјавите – рече Дуковски. На дополнително прашање на новинарите дека во обвинението пишува за рекет од 1,5 милион евра, а во судницата се спомнуваат само 710 илјади евра и 350 илјади евра, рече дека тоа е најмалата контрадикторност.

Следното рочиште за „Рекет” е закажано за 25 декември кога треба да сведочат Зоранчо Митровски, Томе Главчев и Влатко Бошков.