Италија протера македонски државјанин поради тероризам

118

Италијанските власти протераа четири лица осомничени за тероризам, меѓу кои и еден македонски државјанин.

– Четворицата странци, од нив еден Косовец (37) и еден Македонец (39), се протерани од Италија поради опасност по безбедноста на земјата. Еден од странците е Французин (28) кој го примил радикалниот ислам, додека другиот е државјанин на Тунис (45), пишуваат албанските медиуми.

Според нив, македонскиот државјанин претходно е осудуван од судот во Сиена, регион Тоскана, поради семејно насилство и бил под надзор на полицијата. Припаѓал на парамилитарна организација активна во конфликтите на Балканот.

Подолго време бил следен и Французинот бидејќи бил на списокот на лица опасни за безбедноста на земјата.

Косовецот живеел во Болоња, бил приведуван поради насилство врз сопругата и децата при што и во затворската ќелија проповедал радикален ислам.

Државјанинот на Тунис исто така бил во затвор каде освен проповедањето радикален ислам бил поттикнувач и на конфликти во затворот.