Истрага за две лица по акцијата во која беше запленет кокаин во Сарај

130

Заврши распитот на лицата што вчера вечерта беа приведени во акцијата во селото Крушопек, Општина Сарај, по добиени сознанија за трговија со кокаин кој бил скриен во банани.

Донесена е Наредба за спроведување на истражна постапка против две лица, а останатите двајца кои беа приведени се ослободени, информираат од Обвинителството.

За сопственикот на фирмата увозник на овошјето доставен е предлог за определување на мерка притвор, додека за второ осомниченото лице предложени се мерки за обезбедување присуство.

Осомничените вечерва ќе бидат изведени пред Судија на претходна постапка, велат од Обвинителството.

По Наредба на јавниот обвинител товарното возило во кое е откриена наркотичната дрога и целата пратка со овошје се запленети и предадени во Агенцијата за одземен имот.