Инцидент во скопска детска градинка, се заканувале со оружје

539

Во Скопје во детската градинка на улица „Рокомија“, настанала вербална расправија помеѓу З.Џ.(40) и Б.З., двајцата од Скопје. По кавгата З.Џ. извадил пиштол, додека Б.З. извадил нож. 

Како што денеска во соопштение појаснуваат од МВР, на 11.09.2018 година околу 10,15 часот настанот бил пријавен, а по преземени мерки од страна на полициски службеници бил приведен З.Џ., а кај него бил пронајден пиштол. Б.З. го напуштил местото на настанот, но по преземени мерки и активности е пронајден и приведен.

МВР соопшти дека се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.