Измамници ѝ зеле пари на постара жена – ја излажале дека ќерка ѝ прегазила дете

150

Вчера во 15.30 часот во СВР Скопје, Ѓ.Б.(77) од Скопје пријавила дека во 9.00 часот телефонски ѝ се јавиле две непознати лица кои ја известиле дека нејзините ќерка и зет во населбата Аеродром со возило прегазиле дете, при што едното лице се понудило да помогне како сведок на настанот, за што ѝ биле побарани пари.

По одредено време на улица во населбата Гоце Делчев во Скопје пристигнало патничко возило, со скопски регистарски ознаки, во кое имало две лица, по што Ѓ.Б. на едното му дала 52.000 денари. Подоцна измамената исконтактирала со нејзиниот син, по што сфатила дека е измамена. Се преземаат мерки за расчистување на случајот, информира МВР.