Излетаа неколку вагони од товарен воз кај Куманово, нема повредени

49

Неколку вагони од товарен воз излетаа кај Куманово, за среќа повредeни нема. Како што информира полицијата, ноќеска во 01.50 часот било пријавено дека помеѓу железничката станица Куманово и железничката станица Романовце, во близина на патниот премин кај селото Черкези, неколку вагони излетале до пругата.

Товарниот воз сообраќал на релација железничка станица Табановце – железничка станица Трубарево.

Нема повредени лица и била нанесена само материјална штета. Увид извршила увидна екипа од СВР Куманово.