Изгоре куќа во битолската населбата Баир

103

Во пожар целосно изгоре куќа во битолската населбата Баир. Повредени лица нема.

Како што е наведено во полицискиот билтен, ноќеска во 03:30 часот телефонски во Секторот за внатрешни работи Битола било пријавено дека во населбата Баир, лоцирана над магистралниот пат Прилеп-Ресен (обиколница Битола), избувнал пожар во куќата сопственост на С.Р.

Пожарот бил локализиран во 04:15 часот од екипа на Територијалната противпожарна единица-Битола.

Од пожарот куќата целосно изгорела, а повредени лица нема. Увидот ќе се врши во текот на денешниот ден.