Изгоре бугарски автобус што патувал кон Македонија

1379

Бугарски автобус, со 46 патници кои патувале кон Македонија, синоќа целосно изгорел на патот меѓу Ќустендил и Граничниот премин Ѓуешево-Деве Баир.

Повредени патници нема, бидејќи сите навреме биле евакуирани и со друг автобус вратени во Софија.

Бугарските медиуми пренесуваат дека автобусот се запалил околу 18.30 часот, но причините не се соопштуваат.

Според првичните сознанија, станува збор за куса врска во електричната инсталација на автобусот. За време на пожарот сообраќајот на патот бил во прекин.