Изгаснат пожар во куќа во Прилеп, нема повредени

257

Во вечерните часови избувнал пожар во куќа на улицата „Вардарска“ бр. 2 во Прилеп. Огнот се појавил на првиот кат од куќата, во која живеле две жени. Соседите веднаш притрчале да помогнат и да го гаснат огнот, по што набрзо стигнале екипите од Територијалната противпожарна единица. Десетте пожарникари со две возила го изгаснале огнот.
– Со брзата интеревенција на ТППЕ е придонесено да не се прошири пожарот на остатокот од куќата и е спречена поголема катастрофа – велат пожарникарите.
Причинета е материјална штета. Ќе се утврдува дополнително колкава е штетата и како настанал пожарот, во кој за среќа нема повредени.

Ка.М.