Извршена обљуба врз жена мигрант кај Табановце

1268

Во Транзитниот центар Табановце двајца мигранти од Иран вчера пријавиле дека неколку лица во с.Лојане, општина Липково, им ги одзеле парите и мобилните телефони, а едно од лицата извршило обљуба над жена мигрант од Авганистан која, според пријавеното, потоа била пренесена во Србија.

Се преземаат мерки за расчистување на случајот.