Идентификувани напаѓачите кои извршија разбојништво врз двајца Јапонци

621

Полицијата ги идентификуваше напаѓачите кои завчера извршија разбојништво врз двајца јапонски државјани на локалниот пат од село Катланово кон село Брезница. Двајца од напаѓачите веќе се приведени.

– Се работи за тројца малолетници од Велес на возраст од 15 до 17 години, кои истиот ден во Гостивар одзеле патничко возило „Форд мондео“ со гостиварски регистарски таблички, што го употребиле неколку часови подоцна во извршувањето на разбојништвото, соопшти МВР. 

СВР Скопје по целосно документирање на случајот против лицата ќе поднесе соодветни кривични пријави.

Напаѓачите, како што претходно информираше МВР, откако ги пресретнале јапонските државјани кои со велосипеди се движеле на локалниот пат од село Катланово кон село Брезница, физички ги нападнале и им одзеле 3.000 евра, патни исправи, кредитни картички и еден мобилен телефон „Ајфон“. Им нанеле и тешки телесни повреди.