Зоки Кичеец по преглед повторно во притвор

1085

Еден од осомничените во случајот „Рекет“, Зоран Милевски-Кичеец, со одобрение на судот денес попладне бил пренесен на преглед во приватна болница на негово барање. По прегледот, тој е вратен во притворното одделение во „Шутка“, потрврдуваат од затворот.

На негово барање, наместо во државна болница, тој прегледот го направил во приватната „Жан Митрев“. Тој самиот ги платил трошоците за прегледот и трансферот, бидејќи доколку на притвореникот му следува преглед во државна болница а тој инсистира на преглед во приватна, самиот ги сноси трошоците за истиот.

Наводно, тој треба да изврши колоноскопија, постапка што трае три дена, но засега е вратен во притвор.