За десет дена казнети 6.489 возачи во Македонија

104

За десет дена полицијата казнила 6.489 возачи во Македонија за разни прекршоци.

Во периодот од 31 декември лани до 9 јануари на територијата на целата држава санкционирани се 6.489 возачи кои не ги почитувале правилата и прописите од сообраќајот, соопшти МВР.

За нерегистрирани возила и за измината важност на сообраќајната дозвола казнети се 414 возачи, за возење без возачка дозвола 520, за возење под дејство на алкохол казнети се 185 возачи, а најмногу – 835 се канзети за брзо возење.

За непрописно престигнување се казнети 312 возачи.

Од МВР наведуваат дека засилените контроли евидентно влијаат на намалување на бројот на сообраќајни незгоди во периодот кога овие контроли се спроведуваат.

– Во ноември 2020 споредено со ноември 2019 имавме намалување од 21 отсто, а кога ќе ги споредиме декември 2020 со декември 2019 имаме намалување од 23 отсто на бројот на сообраќајни незгоди. Како резултат на преземените активности, 2020 година е со најниска бројка на жртви во сообраќајот – велат од МВР.