За две недели приведени 70 лица поради дрога

253

Тетовската полиција соопшти дека во периодов имаат спроведено зачестени активности кои резултирале со приведување на 70-тина луѓе кои користат или продаваат дрога. Во средата навечер приведен е 29 годишник од Тетово кај кого дома е најден хероин и хашиш.

-Тој бил забележан од полицајците во средата околу 18 часот и 30 минути, на улицата „Видое Смилевски-Бато“, во близина на тетовско основно училиште како се движи со мотоцикл. Кога полицајците се доближиле до него тој почнал да бега, при што фрлил пиштол „Бровинг“, калибар 7,65 милиметри со рамка со 4 куршуми, што ги поседувал без дозвола. Нешто подоцна бил фатен и лишен од слобода, а при преглед на мотоциклот, под седиштето, пронајден му и нож. Потоа извршен е претрес во неговиот дом при што пронајдени се две дигитални ваги, хероин и хашиш. Сето пронајдено и одземено ќе се вештачи, а 29 годишникот е задржан во Полициската станица Тетово, по што се соочи со соодветен поднесок, соопшти Марјан Јосифовски, портпарол на СВР Тетово.

Приведениот 29 годишник е еден од 70-те лица на тетовско-гостиварското подрачје кои
изминативе две недели се приведени поради соменвање за инволвираност во инволвирани во продажба или користење, претежно марихуана, но и хероин и кокаин.

-Во најголем број случаи станува збор за лица од Тетово и Гостивар, како и од повеќе села во регионот, на возраст од 15 до 46 години, кои поседувале или користеле наркотични дроги. По целосното расчистување на сите поединости, против откриените лица ќе следуваат поднесоци-рече Јосифовски.

Интензивните координирани активности за откривање и законско санкционирање на лицата кои поседуват, продаваат или уживаат наркотични средства продолжува и понатаму, соопшти СВР Тетово.

А.С