Затворска казна од три години за жената што прегази 13-годишно дете на Илинденска

449

Основниот кривичен суд денеска ја објави пресудата за предметот со сообраќајната несреќа, која на 18 септември 2015 година се случи на булеварот Илинденска кај Градскиот парк, во која животот го загуби 13-годишниот велосипедист Давид.

Со пресудата, како што информира судот, обвинетата М. Л. се огласува за виновна за кривичното дело тешки дела против безбедноста на луѓето и имотот во сообраќајот и е осудена на казна затвор во траење од три години.

Во текот на постапката беа изведени шест вештачења, а судот, како што беше наведено и при објавата на пресудата, смета дека оваа пресуда треба да одекне во јавноста како предупредување за зголемено внимание и почитување на законите, како и правилата и прописите за безбедност во сообраќајот кај сите учесници.

Против оваа пресуда странките имаат право на жалба до Апелациониот суд.