Заталкани куршуми оштетија возила во Тетовско и Гостиварско

136

Четири случаи на заталкани куршуми се пријавени во Секторот за внатрешни работи Тетово, а освен материјална штета, за среќа не се пријавени повредени. Куршумите завршиле во автомобили.

Во неделата во 13 часот и 30 минути било пријавено дека во Желино, во дворот од
куќа сопственост на М.А.(41), од заталкан куршум било оштетено задно ветробранско стакло од патничко моторно возило „Мерцедес“ со белгиски национални ознаки. Нешто подоцна било пријавено дека на улицата „Илинденска“ од заталкан куршум е оштетен покривот на „БМВ“ со швајцарски таблички на 44-годишник од Тетово.

На истата улица „Илинденска“, истиот ден, но подоцна, во 16 чаот и 30 часот било пријавено дека во Тетово од заталкан куршум била оштетена хауба од патничко моторно возило „Рено Меган“ со тетовски регистерски таблички, сопственост на Р.А. (21) од Боговиње. И во гостиварската полиција е пријавено дека во Чегране во двор од куќа од заталкан куршум било оштетено предно ветробранско стакло од патничко моторно возило „Опел Астра“ со гостиварски таблички.

Од Секторот за внатрешни работи Тетово инфомираа дека се работи на окткривање на тоа кој пукал и како куршумите завршиле во возилата. Во Тетовско и во Гостиварско периодов се случуваат голем број свадби, на кои и покрај предупредувањата на надлежните, се пука од огнено оружје. А.С.