Застрелан Авганистанец најден покрај патот кај Табановце

268

Вчера во полицијата било пријавено дека на магистралниот пат Куманово-Табановце имало лице што лежи покрај патот.

Полициските службеници излегле на местото и било констатирано дека се работи за лице мигрант од Авганистан на возраст од околу 15 години, кој имал повреди на ногата.

Тој бил пренесен во Општата болница Куманово каде му била констатирана прострелна рана во десна потколеница и му била укажана лекарска помош. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.