Запленет кокаин во Кичево, приведен дилер

122

Полициски службеници од Кичево приведоа дилер и беа запленети над 100 грама кокаин и други предмети.

– На 24 октомври околу 20.20 часот на булеварот Ослободување во Кичево полициски службеници запреле возило „цитроен“, со тетовски регистерски ознаки, управувано од И.Б. (38) од Кичево. При извршен преглед над И.Б., тој се обидел да фрли пластично топче во кое имало осум пакувања со кокаин. И.Б. е приведен во ПС Кичево, а во неговиот дом во Кичево е извршен претрес и притоа се пронајдени над 100 грама кокаин, еден килограм смеса за мешање за зголемување на масата на дрогата, дигитални ваги и други предмети – информира МВР.

Одземено е возилото “цитроен”, како и возило “порше”. Известен е јавен обвинител од ОЈО Кичево и по документирањето ќе биде поднмесена кривична пријава.