Запален автобус предизвика застој на ГП Табановце

1788

Запален автобус предизвика застој на граничниот премин Табановце.

На преминот има метеж и не е дозволено поминување. Затворени се двата правци за влез и излез од земјата.

Засега е непозната причината за несреќата, во која за среќа нема жртви.

– Околу 16 часот на излез од Македонија дошло до опожарување на двоспратен автобус со новосадски таблички, а патниците се евакуирани. На местото на несреќата излезе  противпожарна екипа од Куманово, а засега сообраќајот се одвива нормално – велат од МВР. 

Патниците и сите кои се затекнаа на граничниот премин беа видно вознемирени. Пожарот е локализиран и ставен под контрола.

Д.Ср.