Заев: Ременски ќе биде времено отстранета од партијата ако е обвинета за „Рекет“

155
Фото: Маја Јаневска-Илиева

Кога некое лице ќе биде осомничено или обвинeто во тој случај ја применуваме мерката на санкции која значи времено отстранување на тоа лице за да ја докаже својата невиност. Ова го изјави премиерот Зоран Заев, запрашан дали ќе го исполни ветеното за исклучување од партијата на кој било член за кој ќе се утврди одговорност.

Изјавата на Заев следи по неофицијалните објави во дел од медиумите за проширување на истрагата за „Рекет“ со потпретседателката на Собранието, Фросина Ременски.

Заев рече дека на доаѓање кон прес-конференцијата ја добил информацијата дека има соопштение или изјава кое, како што велат новинарите, се однесува на потпретседател на Собранието.

Премиерот вели дека ќе ги соопштат ставовите откако ќе прочитаат и видат за што е осомичено лицето и дали е обвинето.