Заев: Нема ништо незаконско на снимките од ПИ мерките

1331

Нема ништо незаконско во прислушуваните разговори кои се користат како доказ во постапката, изјави денеска премиерот Зоран Заев по рочиштето за случајот „Поткуп”, кое зад затворени врати траеше повеќе од два часа.

– На рочиштето биле преслушани сите разговори обезбедени со посебните истражни мерки и прегледани сите смс пораки, но никаде немало договарање на поткуп, со што повеќе од јасно е дека се работи за монтиран процес – изјави премиерот по завршување на рочиштето.

Адвокатите на Заев нагласија дека Апелацискиот суд сѐ уште нема донесено одлука и не се знае дали јавноста ќе може да ја чуе и види целосната снимка чии делови веќе беа објавени на Јутуб и која е доказ во оваа постапка.

Следното рочиште за случајот „Поткуп“ е закажано за 30 април.