Заев го осуди инцидентот во Битола

152

Премиерот Зоран Заев го осуди вчерашниот инцидент, во кој полицајци тепаа неколку лица во Битола. Според него, таквото однесување е срамно за полицијата.

– Бруталноста од страна на полициски службеници врз граѓани Роми, што ја видовме вчера во видеото на социјалните мрежи, е за најсилна осуда. Таквото однесување е срамно за полицијата, ја заслужува осудата која пристигна од јавноста – напиша Заев на Фејсбук.

Бруталноста од страна на полициски службеници врз граѓани Роми, што ја видовме вчера во видеото на социјалните мрежи, е…

Posted by Zoran Zaev on Четврток, 24 септември 2020

Инцидентот беше прикажан на видеоснимка која вчера се прошири на социјалните мрежи и во медиумите, предизвикувајќи незадоволство на јавноста.