Загорено тенџере со месо вознемири станари во Аеродром

156

Со две возила и седум пожарникари, Противпожарната единица на Град Скопје интервенираше на дојава од граѓани дека излегува црн чад и непријатна миризба од стан во Аеродром.

Пожарникарите со скала се качија на првиот спрат од зградаата позади кафе барот „Ред кафе“ во Аеродром од каде што излегуваше чадот и констатираа дека се работи за заборавено тенџере со јадење на балконот. Тенџерето беше острането и изгаснато.