Загина мотоциклист во судир со автомобил

217

Во тешка сообраќајна несреќа вчера околу 19 часот на локалниот пат село Кадино – село Марино загина мотоциклист.

Од МВР информираат дека во сообраќајната несреќа учествувале патничко моторно возило „Алфа Ромео“ со скопски регистерски ознаки управувано од А.Ѓ.(37) од село Петровец, скопско и моторцикл „Сузуки“, управуван од Т.В.(32) од село Кадино, скопско.

Во незгодата, соопшти денеска МВР, со тешки телесни повреди се здобил Т.В. и со возило на Итна медицинска помош бил пренесен во Градската општа болница “Свети Наум Охридски“ каде во 22 часот починал. А.Ѓ. и сопатникот од возилото Н.Б.(44) биле пренесени во комплекс клиники „Мајка Тереза“ и од страна на лекар на возачот му биле констатирани тешки телесни повреди, а на сопатникот телесни повреди. Извршен е увид на местото на настанот. Се работи на расчистување на случајот.