Завршни зборови во „Труст“ – Сеад Кочан не чувствува вина

80

Првообвинетиот во предметот „Труст“ Сеад Кочан денеска во завршните зборови рече дека, покрај сувото гори и суровото, посочувајќи дека не се чувствува виновен.

– Не се чувствувам виновен затоа што не сум имал никаква умисла да прекршам било кој закон – рече Кочан.

– Единствена цел ми беше да бидам конкурентен на пазарот и да обезбедам работа за моите вработени и нивните семејства – рече Кочан пред судот.

И обвинетиот Василије Авировиќ во завршните зборови рече дека не се чувствува виновен за делото за кое се товари.

-Таквото неосновано обвинение дополнително ја загрози мојата здравствена состојба, која уште од раното дејство ми е многу кревка – рече Авировиќ.

И Кочан и Авировиќ пред судот рекоа дека се приклучуваат кон завршните зборови на одбраната.