Завршните зборови на Јанева исполнети со навреди и со критики

458
Фото: Игор Бансколиев

Со критики и навредливи зборови за Орце и Ана Камчеви, обвинетата Катица Јанева ги даде своите завршни зборови во судот за случајот „Рекет“, тврдејќи дека е невина.

За неа, Камчев е валкан играч, кој не успеал да ја купи со пари. Јанева за обвинителката Вилма Русковска рече „нека пукне“.

– Орце и Ана Камчеви се дно. Тие немаат кредибилитет да се приближат до зградава, а камоли да сведочат. Јас за Камчев лежам во притвор девет месеци. А каде се парите? Да имаше шеќер на масата, наместо парите, кокаин ли ќе беше? Тој сакаше да соработува за другите предмети на СЈО, но е прљав играч, злобен, мисли дека се може да купува… Но мене не, се зафркнал – рече Јанева.

Јанева смета дека обвинението на Русковска е без никакви докази.

 – Обвинението без никакви докази овие два дена го растуривме како баница. Обвинителката Русковска нема анимозитет, туку чиста завист и омраза. Нека пукне – искоментира Јанева.

На 18 јуни судот ќе ја изрече пресудата за случајот „Рекет“ во кој обвинети се Бојан Јовановски-Боки 13 и Катица Јанева, а осуден е Зоран Милески-Кичеец.

Јовановски се товари за перење пари и примање награда за противзаконско влијание, додека, Јанева се гони за злоупотреба на службената положба и овластување.