Жител на Новаци пронашол граната во својот двор

131

Жител на Општина Новаци пронашол граната во неговиот дом.

Според информациите на МВР, вчера во 11 часот во Полициското одделение Новаци, З.Ѓ. пријавил дека Т.М.(49) од село Добромири му пријавил дека, додека работел во своето дворно место, пронашол експлозивна направа односно граната.

Увид бил извршен, а гранатата била подигната од пиротехничар од Дирекцијата за заштита и спасување на понатамошна постапка.