Жител на Неготинско со нож се обидел да ја убие сопругата

250

Жител на неготинското село Пепелиште со нож се обидел да ја убие сопругата.

Според информациите на Основното јавно обвинителство Кавадарци, 43-годишен маж утринава околу 5 часот, во расправија, со нож повеќе пати ја нападнал неговата сопруга во пределот на главата со намера да ја убие.

Во обидот за убиство го спречил таткото на сопругата, по што осомничениот избегал.

Судот му определи притвор на осомничениот во траење од 30 дена.​