Жител на Дебар криел рачни бомби

159

Кај жител на Дебар полицијата пронашла метачна кутија во која криел рачни бомби. Како што соопшти МВР, вчера во 11.10 часот од страна на полициски службеници извршен бил претрес во куќа и помошни простории, сопственост на Р.Р.(59) од Дебар поради постоење основи на сомнение дека неговито син А.Р.(36) извршил кривично дело „недозволено изработување, држење и тргување со оружје или распрскувачки материи“.

При претресот пронајдена била метална кутија во која имало неколку запалки за рачна бомба и три рачни бомби, неколку рамки за различен вид оружје и 18 куршуми од различен калибар. А.Р. бил приведен за понатамошна постапка.