Жена погодена од заталкан куршум во Клинички центар

932

Педесет и шестгодишна жена вчера пријавила дека додека седела на клупа во Клиничкиот центар во Скопје во раката ја удрило заталкано зрно односно проектил, соопшти полицијата.  

Како што се наведува во соопштението од МВР,  вчера Р.А.(56) од Скопје, пријавила дека околу 16:20 часот во комплексот клиники „Мајка Тереза”, додека седела на клупа, во десната рака ја удрило заталкано зрно (проектил).

Се работи на расчистување на случајот.