Жена осомничена за убиство на нејзиниот сопруг Студеничани

293

Основното јавно обвинителство Скопје донесе наредба за спроведување истражна постапка против 50-годишна жена од Студеничани која со секира го убила својот сопруг.

– Осомничената 50-годишна жителка на Студеничани, при вршење семејно насилство, вчера во дворот на семејната куќа со умисла го лишила од живот својот сопруг. Додека оштетениот се наоѓал во дворот на куќата, осомничената ја зела секирата која била оставена во близина и му задала три удари со сечивото, нанесувајќи му повреди кои предизвикале смртен исход кај оштетеното лице. Ценејќи дека постојат околности коишто укажуваат на опасност осомничената да се даде во бегство или да ја попречува кривичната постапка со влијание врз сведоците и вештаците, јавниот обвинител до судијата на претходна постапка достави и предлог за определување мерка притвор за осомниченото лице – се вели во соопштението.