Жена од Радовиш која била пријавена за исчезната, пронајдена мртва

104

Жител на Радовиш вчера во Полициската станица во градот пријавил дека на местото викано „Ќучук Ерик“ забележал починато женско лице, информира МВР.

Увид на местото извршиле јавен обвинител и екипа од Полициската станица, а од страна на лекар од Јавната здравствена установа во Радовиш било констатирано дека на телото нема траги на насилство.

Лицата Т.М. и С.М. од Радовиш извршиле препознавање на починатото лице и потврдиле дека се работи за нивната мајка Т.М., која на 11 август во Полициската станица Радовиш била пријавена за исчезната.