Спасовски: Жалам што Обвинителството немаше храброст да одреди притвори за инцидентот во „Александар палас“

146

Министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски изрази жалење што Обвинителството немало храброст да одреди притвори за осомничените за пукањето во хотелот „Александар палас“.

– За овој инцидент, знаете, имавме и неколку приведени кои упатуваа сериозни закани по животот на колегите-полицајци. Жалам што обвинителството немаше храброст зашто повторно помина со мерки на обезбедување, наместо со притвори – рече Спасовски.

Министерот, одговарајќи на новинарско прашање во Прилеп, изјави дека МВР интензивно работи на истрагата за расчистувањето на случајот.