Експлозија пред куќа во Куманово, нема повредени

154

Кумановецот А.Д.(30) изутрината во 3.20 часот во СВР Куманово пријавил дека слушнал детонација од експлозивна направа пред капијата од неговата куќа.

– Излезено е на местото на настанот и првично е констатирано дека најверојатно е ставена експлозивна направа во корпа за смет пред капијата. Во настанот повредени лица нема, предизвикана е само материјална штета на прозорците од куќата – соопшти МВР.

Полицијата презема мерки за расчистување на случајот.