Едно лице тешко повредено во сообраќајка на патот Јурумлери – Долно Лисиче

169

Две лица, од кои едното потешко, се повредени во сообраќајна несреќа меѓу три возила што се случила вчера вечер на локалниот пат Јурумлери – Долно Лисиче.

Според информациите од полицијата, несреќата се случила во 21:25 часот помеѓу автомобил „форд“ управуван од К.В.(41) од Скопје, „голф“ управуван од И.С.(21) од село Кадино и „цитроен Ц3“ управуван од С.П.(23) од село Јурумлери.

Во незгодата со тешки телесни повреди се здобила К.В., а со телесни повреди се здобил И.С. по што биле пренесени во комплексот клиники „Мајка Тереза“ за укажување на лекарска помош. Извршен бил увид на местото на настанот од увидна екипа од СВР Скопје.