Едно лице загина во сообраќајната несреќа на патот Кичево – Охрид

232

Едно лице го загуби животот во тешката сообраќајна несреќа која што се случи попладнево на магистралниот пат Кичево – Охрид. Како што изјавија за Макфакс од охридската полиција, несреќата се случила околу 14 часот, кај селото Добреноец.

– Еден лице го загуби животот. Во незгодата учествувале две возила со кичевски ознаки, едното е „фолваген пасат” , а другото е „сузуки марути”. Има и повредени патници, но засега нема информација за колку лица станува збор – вели портпаролот на охридската полиција, Стефан Димоски.

Во моментов се врши увид предводен од јавен обвинител и полициски екипи. Има застој во сообраќајот во двата правци.