Едно лице загина, а четири се повредени во тешка сообраќајна несреќа на патот Штип-Радовиш

338

Тешка сообраќајна несреќа се случила синоќа на патот Штип-Радовиш во близина на клучката кај село Љуботен, во која 51-годишна виничанка им подлегнала на повредите, а четири лица се повредени.

Несреќата се случила во 19 часот и 35 минути меѓу патнички возила „Мерцедес“ со винички таблички и „Ауди“ со струмички регистерски таблички, кои се движеле во спротивни правци.

Портпаролот на СВР-Штип, Гордана Панајотова информира дека во „Мерцедесот“ со телесни повреди се здобиле возачот 54- годишниот М.В и 29-годишниот В.В, додека сопатничката В.В со тешки телесни повреди е хоспитализирана во штипската Клиничка болница и покрај укажаната лекарската помош во 23:30 часот им подлегнала на повредите.

Во возилото „Ауди“ со тешки телесни повреди се здобил 38-годишниот возач Т.Б од Струмица, кој е пренесен на Клиниките во Скопје. Повреден бил и неговиот сопатник 49-годишниот Т.А.