Едно дете загина, а три се повредени при пад од трактор

504

Вчера околу 20 часот во нива лоцирана помеѓу велешките села Сливник и  Рлевци се случила вистинска трагедија во која животот го изгуби 10-годишно дете, а три дечиња се повредни.

Од полицијата информираат дека С.С. (18) од село Бузалково го паркирал тракторот „ИМТ 542“ со велешки регистерски таблци во кој имало прикачено импровизирана метална корпа во која се наоѓале четири деца, две на возраст од 10 години, едно осумгодишно дете и едно петгодишно сите од с.Бузалково.

-Во еден момент тракторот тргнал во удолнина при што две од децата на возраст од 10 и пет години паднале од металната корпа и се здобиле со тешки телесни повреди. Останатите две деца успеале да излезат и се здобиле со телесни повреди. Три од децата (на возраст од 10, пет и осум години) биле пренесени во Општата болница во Велес, каде од страна на лекар кај десетгодишното била констатира смрт, додека кај петгодишното дете констатирани биле тешки телесни повреди и било пренесено во Комплексот клиники “Мајка Тереза“ во Скопје, информираат од МВР.

Кај третото (8-годишно дете) констатирани биле телесни повреди и било задржано на понатамошно лекување во Општата болница во Велес.

Увид на местото на настанот извршиле Јавен обвинител и увидна екипа од СВР-Велес.