Единаесет лица од Бангладеш пронајдени во возило во Куманово

112

Регионалниот центар за Гранични работи Север поднесе кривична пријава против 22-годишно лице од селото Банско, струмичко, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „криумчарење мигранти“.

Од МВР велат дека на 20 јуни во населба „Карпош“ во Куманово, во возилото на струмичанецот, полициските службеници пронашле 11 лица – мигранти од Бангладеш.