Еден загинат во сообраќајка на патот Куманово-Крива Паланка

193

Тешка сообраќајна несреќа во која животот го загуби едно лице вчера се случи на магистралниот пат Куманово-Крива Паланка, во близина на село Војник.

До несреќата дошло кога патничко возило „Алфа Ромео“ со скопски регистарски ознаки, управувано од Н.С. (27) од село Марино, скопско се судрило со товарно возило „Сканиа“ управувано од Д.А. (43) од село Волково, скопско.

Од МВР информираат дека со тешки телесни повреди се здобил Н.С. којшто бил пренесен во Ургентен центар Куманово, каде им подлегнал на повредите.

Д.А. и сопатникот од товарното возило Ј.Д. (42) од село Волково биле пренесени во болницата во Куманово и биле задржани на лекување. Кај Д.А. биле констатирани тешки телесни повреди, а кај Ј.Д. телесни повреди. Увид на местото на настанот извршила екипа од СВР Куманово.