Евакуирано средното уметничко училиште во Скопје поради дојава за бомба

242

Поради дојава за рачна бомба, утринава е евакуирано средното уметничко училиште „Лазар Личеновски“ во Скопје.

Според првичните информации, во полиција било пријавено дека на паркингот кај училиштето, до автомобил, има нешто што наликува на рачна бомба.

Полицијата е на терен. Учениците и вработените се безбедно евакуирани.